Николоски: Стратешкото партнерство со САД ја гарантираат стабилноста и економскиот просперитет на Македoнија

Денеска во американскиот Стејт Департмент остварив неколку средби на високо ниво на кои што разговаравме за односите помеѓу нашите две држави.
САД се стратешки партнер број еден на Македонија, држава која што најмногу ја поддржува Македонија и зборувавме за заедничката економска и политичка соработка.
Зборувавме за Пан европските коридори 8 и 10 кои што поминуваат низ Македонија, за продлабочување на соработката во следниот период, за трговскиот договор кој што треба да овозможи многу повеќе бизнис, многу повеќе трговија помеѓу двете држави и секако стратешкото партнерство кое што треба да значи просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности на Македонија.