„Нирвана“ го доби спорот на бебето со албумот „Nevermind“

Бендот „Нирвана“ го доби судскиот спор против граѓанин чија фотографија е на омотот на нивниот албум „Nevermind“ од 1991 година.

Спенсер Елден тогаш, фотографиран како голо четиримесечно бебе, беше на омотот на албумот на „Нирвана“, а тужбата ја поднел за „детска порнографија“.

Американскиот окружен судија во Лос Анџелес, напоменал во одлуката, дека Елден чекал многу долго да ја обвини „Нирвана“ за сексуална експлоатација, бидејќи поминале 10 години откако дознал за омотот.

Во овој предмет, обвинети беа членовите на музичката група Дејв Грол и Крист Новоселиќ, вдовицата на поранешниот пејач Курт Кобејн, Кортни Лав, неколку издавачки куќи и фотографот Кирк Ведл.

„Нирвана“ за својот албум, односно за омотот, користела фотографија што ја направил Ведл во 1991 година на базен во Пасадена, Калифорнија, на која се гледа како Елден плива гол кон банкнотата од долар прободена со јадица.

 

kurir.mk