За денеска е најавена нова рунда разговори на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со Владата. Претседателот на СОНК Јаким Неделков деновиве изјави дека се надева оти владините претставници ќе излезат со одредена понуда. Според него, штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година. СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.
Related Posts
Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ. Премиерот…
Зголемени цените на угостителските услуги
Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 2,5 отсто во споредба со претходниот месец, а пораснале за…
Шведската воздухопловна компанија има намера следната година да го тестира најголемиот електричен авион во светот
Шведската воздухопловна компанија има намера следната година да го тестира најголемиот електричен авион во светот, кој ќе даде голем придонес…