Новата седмица ни носи пролетни температури дури до 22/23 степени!

Во текот на новата седмица која е пред нас, особено пак од средината на истата па во деновите потоа, нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса од југ и во поле на висок воздушен притисок (Антициклон). Во ваква ситуација времето ќе биде сончево, повремено со сосема мала  и локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Скопје  и околината во текот на новата седмица не очекува стабилно, суво, сончево и многу потопло време, особено од среда.

Што се однесува до температурите, тие преку ден значително ќе пораснат како што и претходно кажав и максималните дневни температури од среда па во деновите потоа ќе се искачуваат во интервалот дури од 15 до 22/23 степени. Во Скопје пак температурата ќе се искачи до околу 20/21 степен.

Да напоменам дека утрата ќе бидат поладни, но не премногу, па така наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

Meteoalarm.mk