Европскиот Парламент ги изгласа новите европски права на патниците во воздушниот сообраќај. Големо мнозинство од 646 европратеници гласаа за реформата, која, меѓу другото, предвидува дека родителите во иднина ќе можат да резервираат бесплатно места до своите деца во авионите и дека цените на билетите мора јасно да бидат прикажани.
Правилата во врска со надоместокот за доцнење на летовите треба да останат во суштина непроменети. Сега, земјите-членки на ЕУ мора и да ги одобрат промените, но тоа се смета за формалност.
Кога постои право на обесштетување?
При доцнење на летот од три часа или повеќе, патниците можат да побараат паушално обесштетување, доколку за доцнењето е одговорна авиокомпанијата. За летови до 1.500 километри се исплаќаат 250 евра, за летови до 3.500 километри патниците добиваат 400 евра, а за летови на релации над 3.500 километри – 600 евра. Ова правило важи и за летови што се откажани помалку од две недели пред поаѓањето.
DW




