Новиот црногорски премиер ќе ја посети Србија на 29 јуни

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално ќе ја посети Србија на 29 јуни.

Абазовиќ, кој присуствува на Самитот Отворен Балкан во Охрид, на Твитер објави дека Црна Гора и Србија сакаат да ги ресетираат своите односи.

– Претседателот Александар Вучиќ и јас се согласивме дека двете земји се насочени една кон друга и дека заедно треба да создадат европска иднина заснована на помирување и соработка.

Тоа ќе биде прва официјална посета на Абазовиќ откако ја презеде функцијата премиер на Црна Гора.

 

МИА