Новогодишна елка уби жена, бизарна смрт на божиќен панаѓур во Белгија

Една жена загина откако во четвртокот на божиќниот пазар во Белгија врз неа паднала елка висока 20 метри, објавија локалните медиуми.

Огромното дрво на божиќниот саем во градот Однаарде, на околу 50 километри западно од Брисел, не издржа силен налет на ветер во четвртокот вечерта, објави белгиската новинска агенција Белга.

Елката паднала врз три лица, од кои едното починало набргу во болница од тешките повреди.

Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка е лошо обезбедена.

Локалните медиуми ја цитираат изјавата на градоначалникот дека обилните дождови и силните ветрови го урнале дрвото.

Местото на несреќата е опколено, а надлежните вршат увид.

 

telegraf.rs