Норвешка: Запленети 800 килограми кокаин скриен во кутии со овошје

Норвешката полиција во главниот град Осло заплени 800 килограми кокаин скриен во кутии за овошје, пренесува Анадолу.

Норвешката полиција изведе акција откако германската полиција заплени 1.200 килограми дрога во Потсдам на 28 март, објави Норвешката новинска агенција.

Грете Лиен Метлид, портпаролката на полицијата, соопшти дека станува збор за операција во која е запленето најголемо количество кокаин во Норвешка.

„Не можеме да ја исклучиме можноста дека постојат поголеми мрежи поврзани со Норвешка“, рече Метлид.

Според Метлид, прерано е да се зборува за тоа дали кокаинот е наменет за норвешкиот пазар или Норвешка се користи како транзитна точка.

Метлид потсети дека претходната најголема операција во Норвешка во која е запленет кокаин била изведена во 2013 година, а во акцијата се конфискувани 153 килограми кокаин.

извор:Анадолу.

фото: Анадолу.