Четворица повредени во страшната несреќа во Кочани, ноќеска биле префрлени на лекување во Белгија.
Тие се сместени во четири различни болници во градовите Брисел, Антверпен, Лиеж и Шарлероа.
Тие беа префрлени со специјален авион на Вооружените сили на Романија.
„Антонија, Маја, Петар и Драгољуб пристигнаа во Белгија. Благодарност до белгиската Влада, особено нивното МНР, за сета досегашна помош, како и до Романија и Европската Унија, кои го организираа специјалниот лет од Скопје до Брисел. Утре е нов ден, нова надеж за нашите млади сограѓани, им посакувам брзо закрепнување и здравје!“, наведе македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски.
4news.mk