Ноќеска регистриран земјотрес во близина на Сицилија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска кај северниот брег на Сицилија, недалеку од Еолиските острови.

Нема повредени или материјална штета.

Според податоците на Националниот институт за геофизика и вулканологија, земјотресот се случил на длабочина од 30 километри, а епицентарот бил северозападно од островот Аликуди, пренесува Анса.

 

а1on.mk