Од денес сезонски режим за сообраќај низ патиштата во Македонија

Од денеска до  31 август на државните патишта во земјава ќе се применува привремен режим на сообраќај во летниот период, со што се  забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали на забраната за тешки товарни возила се: петок од  17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерството зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.

 

амсм