Од недела пад на температурите за околу 15 степени и силен северен ветер (над 60 км/час)!

До сабота ќе може да уживаме во релативно високите температури на воздухот, а од утре  до сабота ќе биде претежно стабилно, суво и со многу сончеви периоди. Температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе надминат и 25 степени, додека во централните  и во југоисточните предели тие се очекува да надминат  и 30 степени, односно, да достигнат некаде до околу 32, 33 степени.

Веќе во недела, како и во понеделник, и тоа под влијание на силен ладен Атмосферски фронт од север во Македонија ќе има нагла  и голема промена на времето, проследена со повремени локални врнежи од дожд и грмежи, особено во недела, додека во понеделник ќе биде претежно суво. Сето ова ќе биде проследено со засилен, а особено Долж Повардарието, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие во недела дсоцна попладне  и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник ќе опаднат за околу 10 степени во споредба со сегашните, а особено во северните предели тие ќе опаднат дури и за 15 степени за кратко време. Па така, особено свежо ќе биде во понеделник, кога наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени.

Уште постудено утро ќе имаме во вторник, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, а особено на високите  и на планинските места тие би можеле да бидат  и уште пониски. Токму поради ова, не се исклучува можноста и за појава на слана и на утрински мраз, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk