Прифатен предлогот на обвинителството за притвор на Пеце Мирчески, поранешниот прв човек на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Северна Македонија. Од кривичниот суд известуваат дека има мерки за претпазливост за вториот осомничен во истиот случај.
„Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство и можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците. Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска да се јавува во судот, забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, се вели во соопштението на обвинителството.
slobodnaevropa.mk