Одржана Регионална работилница за најдобрите практики за здруженијата на жени во полицијата

Денеска (10.12.2024) во организација на мисијата на ОБСЕ во нашата земја во соработка со Министерството за внатрешни работи во хотел „Александар Палас“ во Скопје, се одржа Регионална работилница за најдобрите практики за здруженијата на жени во полицијата.
Изразувајќи целосна поддршка на процесите за квалитетно имплементирање на родовите политики, пред се во поглед на родовата рамноправност, како и во поглед на потребата за асоцијативно организирање, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев во своето поздравно обраќање истакна дека досегашните искуства и практики јасно покажуваат дека жените во МВР по однос на нивниот професионален ангажман можат и знаат, да се носат со сите предизвици, вклучително и на безбедносната професија, а во голем дел од областите, особено на полициското работење, да бидат далеку поуспешни, поефикасни, поделотворни и од нивните машки колеги.
[ ] На работилницата исто така свои излагања имаа и Муамет Реџепи, помошник министер на Одделот за Европска Унија и меѓународна соработка, и Едвард Андерсон, шеф на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисија на ОБСЕ во Скопје. Инаку на работилницата претставници на повеќе полиции од регионот а врз основа на компаративните анализи и постоечки практики од функционирањето на здруженија на жени во полициите во земјите од ЈИЕ во три посебни панели дискутираа за искуствата и идеите за натамошно функционирање на таквите здруженија, а кои се во интерес за повкалитетен статус и професионални перспективи на жените во полицијата.