Општина Аеродром ги демантира информациите дека ученици од ООУ „Љубен Лапе“ наредната недела ќе се облекуваат како спротивниот пол.
„Општина Аеродром во целост ги демантира информациите објавени на неколку портали, во врска со наводните активности за наредната недела во ООУ „Љубен Лапе”.
Станува збор за активност која е предложена од страна на учениците. Но, по разгледувањето на предлозите од страна на раководството на училиштето, а по консултација со надлежните служби во општината, донесена е одлука планираните активности да бидат модифицирани и од нив да бидат прифатени само оние кои се соодветни на образовниот процес.
Активноста, за која порталите информираа, не е дел од планирате активности на учениците.
Како општина остануваме посветени на нормалното одвивање на образовниот процес и вметнување дополнителни содржини кои носат придобивки во развој на животот на учениците. Со цел избегнување на понатамошно дезинформирање на јавноста, апелираме во иднина да се објавуваат само проверени информации, а не манипулации“, стои во објавата на Фејсбук страната на Општина Аеродром.