Општина Пустец реализира еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат областа Преспа.
Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие, да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата околина, како за жителите така и за туристите кои се очекува да ја посетат областа Преспа во текот на туристичката сезона.




