Орбан му заблагодари на Трамп: Силните луѓе прават мир, слабите војуваат

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што „храбро се заложил за мир“.

Силните луѓе прават мир, слабите војуваат. Претседателот Доналд Трамп денеска храбро се заложи за мир. Дури и ако тоа е тешко за многумина да го проголтаат. Ви благодариме, господине претседателе, објави Орбан на Икс, по што веднаш беше споделена од најблискиот соработник на Трамп, Илон Маск.
Трамп синоќа го прекина разговорот со Зеленски во Белата куќа, каде требаше да биде потпишан рамковен договор за експлоатација на украинските минерални суровини. Американскиот претседател и потпретседателот Џеј Ди Венс истакнаа дека Зеленски покажал непочитување и неблагодарност кон САД. Трамп посочи дека Зеленски сè уште не е подготвен да стави крај на вооружениот конфликт и оти ризикува да почне трета светска војна.

извор: РЕПУБЛИКА