Отворени гласачките места во 2. круг од гласањето за претседател на Турција

Гласачките места ширум Туркије се отворени утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време) со што започна гласањето од 2. круг на претседателските избори во оваа земја, известува Анадолу.

Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас, во 2. круг бираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидат на Народната алијанса, и Кемал Киличдароглу, кандидат на опозицискиот Национална алијанса.

Во вториот круг на изборите во Туркије, право на глас дополнително имаат 47.523 гласачи кои во меѓувреме наполнија 18 години.

Во првиот круг од гласањето во Туркије одржано на 14. мај, актуелниот претседател Ердоган освои 49,5% од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу собра 44,89% од гласовите.

Народната алијанса на Ердоган, предводена од Партијата за правда и развој (АК партија) освои мнозинство во државниот парламент во Туркије во првиот круг од гласањето.

Гласањето на избираките места во странство и на граничните премини, во 2. изборен круг започна на 20. мај.

Гласањето во дипломатските претставништва на Република Туркије во странство, во вкупно 73 земји, заврши во средата, на 24. мај. Гласањето на граничните премини трае се до затворањето на редовните гласачки места, денес до 17:00 часот по локално време.

Според најавите на Врховната изборна комисија на Туркије, првите прелиминарни и неофицијални резултати од 2. круг на претседателските избори ќе бидат објавени истиот ден.

 

Извор: Анадолу.

фото: Анадолу.