СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (45) години од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.
При сообраќајна контрола, извршена на 21.12.2022 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при превоз на патници со своето возило. Притоа, било констатирано дека тој не поседува соодветна лиценца за вршење јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган