Патничкиот воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат, а како што дознаваме причина за запрениот сообраќај е расипан товарен воз во близина на село Слепче кој е останат на пругата, објави plusinfo.mk.
Како што објави plusinfo.mk возот е запрен во Богомила, бидејќи во Слепче има расипан товарен воз, поради кој е блокирана пругата и патничкиот воз не може да помине, па затоа патниците се заглавени со часови на железничката станица.
Во патничкиот се возат околу 120 патници, неофицијално дознаваме од Македонски Железници.
Помошна локомотива е тргната во 19 часот од Скопје за да го турне расипаниот воз во Слепче, па потоа да може патничкиот да продолжи.
Текстот во целост на: plusinfo.mk.