Пендаровски вчера добил покана за Благоевград, но нема да оди поради други обврски

Претседателот Стево Пендаровски, вчера доби покана за отворањето на Македонскиот културен клуб – „Никола Вапцаров“ во Благоевград на 30 октомври 2022 година (недела), информираа за „Локално“ од прес-службата на претседателот.

Од таму додаваат дека претседателот нема да биде во можност лично да присуствува на отворањето на македонскиот клуб.

Со оглед на претходно преземените обврски, претседателот не е во можност лично да биде присутен во Благоевград, но, во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, велат од Кабинетот на Пендаровски.

извор: „Локално“