Трајно решение во Украина е „невозможно“ без решавање на поширокото прашање на европската безбедност, соопшти во вторник (18 февруари) Кремљ, додека САД и Русија ги одржаа првите разговори на високо ниво по офанзивата на Москва против Киев.
Пред да ја започне својата офанзива во февруари 2022 година, Москва побара од НАТО да се повлече од централна и источна Европа.
„Трајно и долгорочно одржливо решение е невозможно без сеопфатно разгледување на безбедносните прашања на континентот“, рече Песков, одговарајќи на прашање на АФП.
Тој, исто така, рече дека Москва нема да ја спречи Украина да се приклучи на Европската Унија, повторувајќи дека останува против Киев да биде дел од НАТО.
„Во однос на пристапувањето на Украина во ЕУ, тоа е суверено право на која било земја… Никој не може да диктира на друга земја и ние не планираме да диктираме“, рече Песков додавајќи:
„Но, тоа е сосема поинаку кога станува збор за безбедносни прашања и воени сојузи. Овде имаме поинаков пристап кој е добро познат“, рече тој.
Москва во 2014 година го анектира Крим и ги поддржа вооружените проруски сепаратисти на исток, откако про-ЕУ револуција го собори лидерот на Украина, a пријател на Москва.
slobodnaevropa.mk