На 04.07.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.С.(32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 04.07.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиja од слобода В.С. (62) од Тетово, постапувајќи по пријава од неговите два сина дека околу 21:00 часот во семејниот двор, нивниот татко В.С., кој бил под дејство на алкохол, агресивно се однесувал и физички ги нападнал, а се заканувал и со остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 04.07.2026 во 22:10 часот во Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода Н.Д.(28) од Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 26-годишна вонбрачна партнерка, при што употребил и тврд предмет. По извршени проверки било констатирано дека Н.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,94 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.07.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Ш.(24) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес и се заканувал на неговата 22-годишна поранешна партнерка и физички нападнал нејзин пријател. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.07.2026 и 05.07.2026 полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со Б.А.(60), Е.А.(22) и 20-годишната Ш.Р., сите од Велес. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека во домот, Б.А.(32) од Велес бил физички нападнат од неговиот брат Е.А. кој употребил и дрвен предмет, а потоа и од неговата снаа Ш.Р. и неговиот татко Б.А.. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 05.07.2026 во 00:10 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријави дека на 04.07.2026 околу 20:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг З.Ј.(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.07.2026 во 20:20 часот во Скопје, 21-годишна девојка од скопско, пријави дека добивала закани од нејзиниот 24-годишен партнер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.07.2026 во 18:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Р.С.(39) од Штип, по претходна пријава дека на 04.07.2026 околу 14:15 часот во семејниот дом на неговата 35-годишна поранешна сопруга и упатувал закани и ја прекршил судската одлука со која е изречена мерка за заштита од семејно насилство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 04.07.2026 во 23:30 часот во Полициската канцеларија Пехчево, 46-годишна жена од Пехчево пријави дека околу 21:00 часот пред угостителски објект во Пехчево била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К. За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Берово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


