Петреска до Ковачки: Немам непријавен имот ниту недвижен, ниту движен. Барам да ми се извините. Ако постои таков имот уште утре ќе го донирам на ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашното ТВ соочување на министерката за одбрана Славјанка Петровска со пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“, опозицискиот пратеник ја обвини дека во анкетниот лист испратен до Државната комисија за спречување корупција не пријавила имот во скопско.

-Немам непријавен имот ниту недвижен, ниту движен. Барам да ми се извините. Ако постои таков имот уште утре ќе го донирам на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и онака со судска наредба на вашата партија и се одзема имотот, кажа Петровска.

Министерката пак, го праша пратеникот Ковачки во гостувањето дали бил унапреден за полковник пред време и бе да ги исполнува критериумите. Тој одговори дека бил унапреден за вонредни заслуги, без да одговори дали ги имал потребите компетенции.

-Треба да го прашате тогашниот министер за одбрана зошто ме унапредил. Унапредувањето не може да го вратите, тоа може само да го прифатите. Зарем сметате дека треба да обжалувам нешто на што сум горд, рече Ковачки.

-Зарем сте горд за унапредување за кое ги немате исполнето критериумите, праша министерката Петровска, по што пратеникот Ковачки и кажа „да не се расправа“

 

фото: PRTSC