Во организација на „Sites & Cites“ од Франција, во Охрид, денес, се одржува семинар на темна „Заштита на урбаните јадра“.
Заштитата на урбаните јадра е клучна обврска, но тоа не треба да подразбира ставање крај на развојот на градот. Сето ова треба да биде една симбиоза за да се создаде одржлива иднина за градот и идните генерации. Клучна обврска на менаџментот на еден град, од една страна треба да биде заштитата на културно – историските знаменитости и животната средина, а од друга страна подеднакво важно е и градењето и развивањето на градот со цел креирање иднина за младите, напиша на својот ФБ профил градоначалчникот на Охрид Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Заштитата и одржливоста на градските јадра не смее да се сведе на обврска само на надлежните градски институции. Во неа мора дел да бидат и државните институции, а особено тоа мора и треба да биде обврска на секој поединец, чинител на живеењето во еден град. Во безброј случаи, институциите се немоќни да го превенираат и заштитат градското јадро, онолку пати колку што локалното население може да го уништи. Затоа исклучително важен е придонесот на секој поединец. Од големо значење е одржувањето на токму вакви настани, каде може да се разменат искуства и идеи кои успешно се спровеле во други градови.
Токму преку размената на искуствата можеме да ја унапредуваме заштитата и одржливоста на градските јадра.