Денеска во Општина Охрид ги примив и им се обратив на учесниците на конференцијата „Градиме мостови кон заедничка иднина: од соседи кон стратешки партнери“ што изминативе неколку денови се одржуваше во Охрид во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ Konrad-Adenauer-Stiftung , а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за европски студии „Филфрид Мартенс“ од Брисел, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Учесниците на конференцијата беа млади, талентирани, општествено одговорни лица кои дискутираа и разменуваа искуства на теми од заеднички интерес: Регионални предизвици од влијание на надворешни актери; Дезинформации односно справување со лажни вести; Важност од целосна евро- интеграција на земјите од регионот во насока на обезбедување регионална стабилност.
Ме радува фактот што младите дискутираа и разменуваа искуства на теми кои се од заеднички интерес, како регионални предизвици од влијание на надворешни актери, дезинформации односно справување со лажни вести, како и важноста од целосна евро- интеграција на земјите од регионот во насока на обезбедување регионална стабилност. Ваквите средби се доказ дека и покрај недоразбирања за одредени политички прашања, научните и образование достигнувања не познаваат граници и ги рушат сите бариери. Младите се тие на кои иднината и Светот останува и вакви средби се од големо значење во надминување на различностите и градење Европска иднина.
извор: ФБ Кирил Пецаков
фото: ФБ Кирил Пецаков
извор: ФБ Кирил Пецаков
фото: ФБ Кирил Пецаков