Пецаков: Советот на Општина Охрид на денешната 55-та вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани

Советот на Општина Охрид на денешната 55-та вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани од 16.03.2025 година. Во овие средства е вклучена и сумата која требаше да биде наменета за традиционалната Ифтарска вечера која поради овој трагичен настан нема да се организира оваа година. Во заедничка согласност со Исламската верска заедница од Охрид одлучивме тие средства да бидат пренеменети за финансиска помош за семејствата на настраданите и повредните во пожарот во Кочани.
Општина Охрид ќе ја упати финансиската помош на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид.
Уште еднаш во мое лично име и во името на охриѓани упатувам најдлабоко сочувство до семејстата на настраданите, а на повредните им посакувам побрзо оздравување. Да бидеме сплотени и солидарни и заедно да ги надминеме последиците од оваа голема трагедија.