Пластичен хирург утре ќе ги посети повредените во одморалиштето на Пониква

Експерт за пластична хирургија утре ќе ги посети повредените од пожарот од Кочани кои се на рехабилитација во Пониква за да види какви потреби имаат и како ќе може да им се помогне – најави денеска (22 јуни) министерот за здравство, Азир Алиу.

„Таму 45 граѓани се дел од таа програма во Пониква. Имаме пет вработени, двајца лекари и три медицински сестри. Имаме програма која е во тек од сабота. Денеска на пример таму температурата е фантастична 17 степени. Надвор се, играат кошарка и такви активности имаат“, изјави Алиу на денешната прес конференција.

Што се однесува до Кочани и последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“, тој кажа дека се планира долгогодишна програма за градот не само за граѓаните и за настраданите.

 

 

slobodnaevropa.mk