Жарко Пејановиќ, познат како Кнеле од Забјело, бил приведен откако вчера упаднал во редакцијата на дневниот весник „Дан“, физички ги нападнал вработените и го искршил инвентарот.
Во таа прилика биле повредени техничкиот уредник на „Дан“ и еден новинар.
Како што пренесува весникот, Пејановиќ бил незадоволен што во текстот од натпреварот во лежење на кој тој победи, пишувало дека е „најголем џаболебар“.
Инаку, „најголем џаболебар“ веќе неколку години е востановена титула за победникот на ова натпреварување.
Од весникот наведуваат дека Пејановиќ започнал да прави хаос уште во одделот за огласи на „Дан“, а потоа продолжил и во останатите редакции.
По тој повод се огласи и црногорската полиција со соопштение:
„Во вторникот во 18 часот и 6 минути во полицијата во Подгорица е пријавено дека едно лице влегло во просториите на редакцијата на „Дан“ и физички ги нападнало новинарите кои биле таму. Припадници на полицијата излегле на местото на настанот каде го пронашле Ж.П. (38) кој, незадоволен од текстот објавен во овој медиум за натпреварот кој се одржа претходните денови во едно етно село, а во кој учествувал, физички го нападнал техничкиот уредник на редакцијата А.Ј. и кршел стакла и дел од инвентарот во овие простории.
А.Ј. во оваа прилика се здобил со повреди во вид на гребаници на раката“, се наведува во соопштението.
извор:ДАН