Пожарот започнал од оџакот, здрави и живи се сите станари на Домот за стари лица во Чемерско

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека во с.Чемерско (Општина Кавадарци) има пожар во старечкиот дом каде на терен се 10 пожарникари со 3 ПП возила и интервенираат. Исто така на терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски коли со 8 полицајци. Во меѓувреме траше евакуацијата на 30 лица, кои се сместени во старечкиот дом со 2 возила (минибуси).

Според првите информации прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот. Во истиот Дом биле сместени 30 постари луѓе од кои 5 биле неподвижни. Но, сите се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ке бидат евакуирани во општата болница во Кавадарци.

Во моментот кога е известен ЦУК, имало потреба од дополнителни возила од ИМП Велес за транспорт на лицата коишто неподвижни во лежечка положба, па се координираше со ИМП Велес преку РЦУК Велес, да бидат упатени кон с.Чемерско за да помогнат во транспортот.