Познатиот готвач Расел Норман се самоуби по жестока расправија со својата девојка

Ѕвездата на шоуто Saturday Kitchen си го одзел животот во градината на својот дом по жестока расправија со својата девојка, пренесуваат странските медиуми.

По конфликтот во кој влегле под дејство на алкохол, Норман се обесил.

И покрај обидите на неговата девојка и медицинскиот персонал да го реанимираат, тој претрпел сериозно оштетување на мозокот и починал пет дена подоцна во болница, опкружен со семејството и со пријателите.