Полицијата уапси осомничен по масовното пукање во кое загинаа шестмина на парадата на Денот на независноста на САД во богатото предградие Хајленд Парк надвор од Чикаго. По кратка бркотница со автомобил, Роберт Кримо (22) е приведен „без инциденти“, изјави на новинарите началникот на полицијата во Хајленд Парк, Лу Џогмен. Тој беше означен како „осомничен“ за пукањето, но по неговото апсење, полицијата рече дека верува дека тој и го извршил. Официјални лица соопштија дека околу дваесетина лица, вклучително и деца, се згрижени поради повреди од огнено оружје, а некои се во критична состојба.
Радио Слободна Европа