Понеделник 20 јули: Многу топло и ветровито време, попладне и навечер локален пороен дожд, грмежи и локално невреме

Денот понеделник 20 јули, во Македонија повторно ќе донесе многу топло време и позасилена топлина и тоа поради присуството на топол воздух од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево а во попладневните и во вечерните часови локално на повеќе места ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се можни поинтензивни атмосферски процеси и појава на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер (до околу 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на град.

 

 

Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер претежно од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час.

 

 

Во Скопје и околината денот понеделник 20 јули ќе донесе сончево и многу топло време со повремено засилен ветер претежно од западен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од регионот и од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на невреме со град.

 

 

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 20 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 39 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

slavcometeo.mk