По обилните дождови што го зафатија регионот Ил де Франс, Париз го погодија поплави, пренесува Анадолу.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат поплавени улици во Париз како последица на вчерашното невреме и дожд.
Како последица на поплавите имаше и сериозни нарушувања во градскиот превоз, особено во метрото.
Кафулињата и продавниците во 11-тиот, 19-тиот и 20-тиот округ на Париз беа сериозно оштетени од поплавите. Покрај тоа, некои возила останаа заглавени на улиците.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.