Поскапува дизелот, бензините со иста цена

Цената на дизелот вечерва од полноќ се зголемува за 1,5 денари, и ќе изнесува 95,5 денари, одлучи Регулаторната комисија.

Цените на бензините нема да се менуваат, односно ќе се продаваат по 95,5 денари за ЕУРОСУПЕР 95, и 98 денари за ЕУРОСУПЕР 98.

Цената на екстра лесното масло се намалува за пола денар, и според новата цена ќе изнесува 94 денари, додека мазутот според новата цена ќе се продава за 53,3 денари по литар.

фото: Архива