Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23 годишната Теодора Р., од тетовско Сараќино која беше тешко повредена како пешак на 15 август околу 22 часот во Тетово.
Таа беше тешко повредена кога во неа удри возило управувано од 49 годишен жител на Голема Речица, а поради сериозноста на повредите беше однесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
На 15 август несреќата се случи на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.
-Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино. Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираше СВР Тетово.
МИА