Почина возач на Брза помош кој цел ден ги превезувал повредените од пожарот во Кочани

Возач на брза помош кој цела ноќ ги превезувал повредените во страотниот пожар во Кочани починал утрово. Колегите и вработените во Општата болница Кочани, по вчерашниот шок, утрово се простуваат од Иле Гоцевски.

Станува збор за долгогодишен шофер на возила во Итната помош Кочани.

Како што пишува порталот „Метропола“, Гоцевски починал ноќва откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени лица отишол дома да одмори и никогаш повеќе не се разбудил.

Во стравичниот пожар кој се случи, ноќта саботата кон неделата, во кочанската дискотека „Пулс“ досега животот го загубија 59 лица а над 150 се повредени. На лекување во странство се транспортирани над 50 повредени.