Почина кучето Феликс кое беше ѕверски удирано

ЈП Лајка преку социјалните мрежи информираше дека кучето Феликс кое кај нив беше донесено во многу тешка состојба починало денес.

„Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот на Феликс, тој сепак нè напушти и си го најде конечно својот вечен мир.

Иако дојде со тешки повреди како сенка од куче, поразено од животот и од човечката бруталност и суровост, тој се бореше со сите можни сили, јуначки до самиот свој крај, давајќи ни верба дека можеби ќе успееме заеднички во оваа незвозможна мисија.

Од самото влегување на Феликс во нашето прифатилиште до денес, неговото заздравување беше неизвесно и променливо.

Покажуваше бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови Феликс доби напад кој за него беше фатален како резултат од многу здравствени компликации. Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен“, стои во соопштението на ЈП Лајка.

 

 

skopjeinfo.mk