Осуденик од Идризово почина во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина – Скопје.
Се работи за 55-годишен маж со иницијали М.Г. којшто издржувал 15-годишна затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Според пријавеното во полицијата, поради влошена здравствена состојба во 12 часот од затворот бил пренесен во заводот, каде што во 13.35 часот починал.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
извор:МВР