На 93 години почина Петар Муличкоски, архитектот на зградата на некогашната ЦК на СКМ од 1970 година, која во независна Македонија стана зграда на Владата, а која потоа владата на Никола Груевсвки ја „доѕида“ во барокен стил, без никаква поврзаност со идејното решение на архитектот, ниту пак со негова согласнот. Муличкоски за футуристичкиот дизајн на овој објект добил и меѓународна награда. Великанот на македонската архитектура е автор и на објекти кои се трајно обележје на македонската современа архитектура – Народна и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски” од 1971, Спомен-костурницата во Кавадарци од 1974, Стопанска банка во Скопје од 1974 и многу други.
Творештвото на архитектот Петар Муличкоски е мошне разновидно и опфаќа од урбанистичко и архитектонско проектирање и ентериери до меморијална и пејсажна архитектура, а може да се истакне и неговиот специфичен израз во негувањето на цртежот што е една од спецификите на неговото воспитание како архитект од класата на проф. Едвард Равникар на Љубљанскиот универзитет, пишува на сајтот на МАРХ.
Јужноафриканските медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје Министерството за…
Издигнувањето на туризмот е наш приоритет! Работиме континуирано на подобрување на постоечката инфраструктура и изградба на нова, брендирање на градот…