Почина уште едно лице од повредените во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
Се работи за повредениот 29-годишниот Александар Глигоровски од Пробиштип, кој беше еден од критичните пациенти сместени во болница во Литванија.
Со ова бројот на загинати во оваа несреќа се зголемува на 61.
Претходно, во Литванија исто така почина и Александар Карадакоски чие тело е веќе стигнато во Македонија и утре ќе биде погребано.