Почината жена пронајдена на плажа во Полихроно

Неидентификувана жена е пронајдена онесвестена, во четврток попладне на плажа во Полихроно во општина Касандра на Халкидики.

Жената била преземена од Брзата помош и пренесена во здравствениот дом Касандра на Халкидики, објави Телеграф.рс.

Набрзо жената била прогласена за мртва.

Телото ќе биде пренесено во Солун на обдукција, пишуваат грчките медиуми.