Почна со работа брзата железница, од Берлин до Париз за 8 часа

Денес започна со работа новата брза железница со која од Берлин и Париз ќе се патува за само 8 часа, нудејќи им на патниците побрз и поудобен начин на патување меѓу двете европски престолнини, јавува Анадолу.

Пуштањето на брзата железница дојде токму навреме за божиќната сезона на патувања како алтернатива на патувањето со авион.

Возот ќе сообраќа секојдневно помеѓу Главната железничка станица во Берлин и париската Гар де л’Ест, со попатни застанувања во Стразбур, Карлсруе и Франкфурт, завршувајќи го патувањето за приближно осум часа.

Првично ќе сообраќа само еден воз дневно, ќе поаѓа од Париз во 9:55 часот и ќе пристигнува во Берлин по 18:00 часот. Повратно возот ќе тргнува од Берлин во 11:54 часот, а во Париз ќе пристигнува пред 20:00 часот.

 

извор: Анадолија