Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа. Засега на веб – страната на Собранието нема закажани активности. Меѓу првите активности во Собранието се очекува ќе биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд.
Радио Слободна Европа