Првиот амбулантен авион на Туркије за транспорт на повредените во пожарот во Северна Македонија пристигна во Скопје

Првиот амбулантен авион за транспорт на повредените во пожарот што избувна во ноќен клуб во источниот град Кочани во Северна Македонија, пристигна во Скопје, известува Анадолу.

Авионот на брзата помош пратен од Министерството за здравство на Туркије пристигна на Меѓународниот аеродром „Скопје“ за да пренесе во Истанбул тројца повредени во пожарот.

Амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, ја потсети дописничката на АА дека во пожарот животот го загубија 59 лица, а 155 се повредени.

Улусој истакна дека властите на Северна Македонија контактирале со него со барање повредените што се во тешка ситуација да бидат пратени на лекување во Туркије.

Нагласувајќи дека по инструкции на претседателот Реџеп Таип Ердоган брзо го решиле ова барање, амбасадорот Улусој рече:

„Авионот за брза помош што го прати нашето Министерство за здравство во моментов е тука и ќе пренесе три повредени млади лица во нашата земја. Вечерва ќе ги пренесеме во болницата ‘Чам Сакура’ во Истанбул.“

– „Тоа е голема болка за Северна Македонија и ние овде ја чувствуваме истата болка“

Улусој информираше дека авионот за брза помош на Министерството за одбрана на Туркије е на пат кон Скопје и дека со овој авион се планира да бидат пренесени уште 6 повредени во градската болница Билкент во Анкара.

„Тимовите на нашето Министерство за здравство се реагираа многу брзо. Во близок контакт сме и со властите на Северна Македонија. Ова е голема болка за Северна Македонија и ние тука ја чувствуваме истата болка. За нас е крајно тажно што невини млади луѓе ги загубија животите или се повредени во ваков инцидент.

Му изразуваме сочувство на народот на Северна Македонија за овие загуби и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“.

Потсетувајќи дека и Министерството за надворешни работи на Туркије сподели писмено соопштение за трагичниот настан, амбасадорот Улусој рече дека ќе го следат лекувањето на ранетите што ќе бидат префрлени во Туркије и им посака здрави да се вратат во својата земја.

Улусој изјави дека меѓу повредените има и сонародник и дека вечерва ќе го посети.

Посочи дека Туркије секогаш стои покрај Северна Македонија, Улусој го рече следното:

„Секогаш сме подготвени да ги мобилизираме сите наши ресурси за пријателскиот и братски македонски народ и нашите браќа од сите заедници овде.

„Со инструкции на нашиот претседател, нашите ресурси денеска беа брзо мобилизирани.”

Утринава избувна пожар во ноќен клуб во градот Кочани во источна Северна Македонија, во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Владата на Северна Македонија објави дека дека поради пожарот од утре во земјата ќе биде прогласена седумдневна национална жалост.

 

извор: АНАДОЛИЈА