Министерот за надворешни работи Бујар Османи кои присуствува на Конференцијата за глобална безбедност во Минхен, денеска допатува во Бон каде што однесе дополнителна станица за издавање на пасоши, за што побрзо граѓаните да добијат патна исправа со уставното име на државата, Република Северна Македонија. Веста и фотографии на кои се гледа како тој самиот фотографира наши граѓани кои живеат во Бон ги сподели и на неговиот профил на Фејсбук,
-Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава. Тука донесов и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши, и сега се обидуваме да им помогнеме на граѓаните со два пункта, во две смени и за време на викендот. Се надевам дека оваа реорганизација значително ќе го скрати чекањето, посочува министерот Османи.