На 17.12.2024 во 12 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, со наредба од Основен суд Велес, извршиле претрес во домот на Н.А.(25) од Велес, кој на 16.12.2024 во 20.30 часот на наплатна станица Сопот бил лишен од слобода затоа што при преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена зелена растителна материја. При претресот била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Н.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење…
Стечајна постапка е отворена за „Еуроникел индустри“
Стечајна постапка е отворена за „Еуроникел индустри“ денеска во Основен суд Кавадарци. За стечаен управник е назначен Ацо Петров од…
Ја снема новогодишната елка во Радовиш – дали е украдена или општината не ја платила фактурата?!
Ја снема новогодишната елка во Радовиш. Според информациите, елката ја снемало во неделата околу 14 часот, а според првичните информации…