На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З. К.(32) од Кривогаштани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221 мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9 мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“. Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од општина Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Related Posts
Исчезна девојче од Гази Баба, родителите бараат помош за да се најде
Дванаесетгодишно девојче од скопската населба Гази Баба, исчезна вчера, а семејството нема информации каде се наоѓа. Последен пат го виделе…
Тренчевска-Гир: Продолжува заедничката заложба и реализација на проектите од кои придобивка имаат граѓаните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија…
Од 1-ви декември се враќа дневната евтина тарифа на струја во периодот од 13 часот до 15 часот
Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија…