Денеска (05.05.2022), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп – Отсек за недозволена трговија ги лишиле од слобода Е.Е.(34) и С.Д.(29), двајцата од Прилеп. При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Е.Е. бил пронајден и одземен пиштол марка „Ekol Tuna” без муниција, додека кај С.Д. биле пронајдени и одземени пиштол марка „Застава” и 6 куршуми калибар 6,35 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Related Posts
Приведено лице поради напад на новинарска екипа во Росоман, следува соодветна пријава
На 19.07.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.Р.(43) од Росоман. Тој, на 18.07.2023 на излезот од…
Времето денеска топло, но со ветер и до 60 км/ч
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер над 60…
Документарниот филм за Бигорски доби престижна награда
Возљубени читатели и почитувачи на Свештената Бигорска Обител, со особена радост и благодарност кон Дародавецот Бог ве известуваме дека документарниот…