Полициски службеници од СВР Тетово денеска (5 март) околу 15 часот и 50 минути го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Ѓ.Т., по претходно добиени сознанија дека препродавал, односно реемитувал ТВ-канали без потребната лиценца на заинтересирани поединци и им наплаќал паричен надоместок. При претрес во домот на Ѓ.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, 3 компјутерски куќишта, пиштол “ТТ” со рамка и 124 куршуми калибар 7, 62 милиметри, ловечка пушка “дамас” со 45 куршуми калибар 12 милиметри, 2 мобилни телефони….Тој е задржан во ПС Тетово и во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
Related Posts
185 новозаразени со ковид од 2.216 тестови, нема пријавено починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 2.216 тестови,…
Казни за 147 возачи од кои 51 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На…
Јулските пензии ќе се исплаќаат на 31 јули и 1 август
Пензионерите јулските пензии ќе можат да ги подигнат на шалтерите на банките, зависно од висината на пензиите, на 31 јули…